Синан Бутуки беше фудбалер на Сити на кого многумина му предвидуваа блескава иднина, дури го споредуваа и со Дејвид Бекам.
Бутуки е роден 1995 година во Призрен, фудбалски се школуваше во Австрија, ги помина сите младински селекции на оваа репрезентација, а минатата година одлучи да настапува земјата за која е роден – Косово.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред три години Сити го доведе од Адмира, а младиот Косовар минатата сезона ја помина на позајмица во Холандија во тимот на Го Хед Иглс. Таму дозна и дека боледува од хипертрофна кардиомиопатија, заболување на срцевиот мускул кое е причина за најголем број срцеви удар кај младите спортисти.
„Седев со тренерот, докторите и физиотерапевтите. Ми соопштија дека откриле нешто на прегледите кои ги направив во Манчестер и дека веднаш морам да се вратам во Англија. Исто така ми кажаа дека поради тој проблем морам да го оставам фудбалот бидејќи постои можност срцето да престане да ми работи, доколку продолжам да играм“, изјави младиот Бутуки.
Сити го врати Бутуки на „Итихад“ и со гестот кој го направи покажа дека е голем клуб.
„Директорот на клубот, Тики Бегиристаин ми кажа дека Сити нема да го прекине договорот со мене и дека ќе ме поддржи без разлика каква одлука ќе донесам. Секако дека бев воодушевен. Веднаш го побарав клупскиот скаут, а тој ми пронајде нова функција. Сега сум скаут за фудбалерите кои се на позајмица“, додаде Бутуки.
Manchester City's 22-year-old academy player Sinan Bytyqi has been forced to retire from professional football due to heart problems. ?
The club have given him a new role as a loan scout. ??
A touch of class. ?? pic.twitter.com/lR7VvI2kBX
— FourFourTweet (@FourFourTweet) November 25, 2017