Македонскиот интернационалец, Езџан Алиоски кој ова лето направи трансфер во тимот на Лидс Јунајтед, доби и огромно признание од реномираниот светски медиум, „Скај Спорт“.
Имено, споменатиот медиуми го смести македонскиот фудбалер помеѓу најдобрите пет засилувања ова лето во Чемпионшип.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Од „Скај Спорт“ признаваат дека Алиоски за нив бил целосен анонимец, но по првите настапи го забележале талентот и потенцијалот кој како што истакнуваат е огромен. Го опишуваат како играч со фантастична енергија, одличен шут кој го покажа на последниот натпревар за неговиот нов клуб и додаваат дека Лидс можеби има вистински „дијамант“ во своите редови.
Освен Алиоски место помеѓу најдобрите пет засилувања добија: Јота (од Брентфорд во Бирмингем), Роберт Снодграс (Од Вест Хем во Астон Вила на позајмица), Том Лавринс (Од Лестер во Дерби Каути) и Рубен Невес (Од Порто во Волвс)
Алиоски во редовите на Лидс пристигна од Лугано. Во продолжение да се потсетиме на првенецот на Алиоски во дресот на Лидс.