Дома Фудбал Останато Големи критики за Пике: Тој е второкласен и просечен играч

Големи критики за Пике: Тој е второкласен и просечен играч

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и интернационалец на Аргентина (освојувач на Светско првенство) Оскар Ругери „го прогласи“ стоперот на Барселона, Пике за просечен фудбалер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ругери исто како и Пике играше во срцето на одбраната за време на неговите играчки денови.

„Пике е второкласен, просечен играч, како мене, како и многу други“, изјави Ругери за аргентинскиот ФОХ Спорт и продолжи:

“Таа изгледа добро, таа е во врска со пејачката … има кул брада, но ако играше за Валенсија тој не би бил славен. Но, тој заврши во Барселона”.

„Тој е како мене – потполно просечен. Добар дефанзивец, но ништо повеќе од тоа. Тој никогаш не е под притисок, освен против големите тимови“, додаде Ругери.

Аргентинецот тогаш откри кој смета дека е најдобар стопер на светот. Според него, тоа е капитен на Реал.

„Серхио Рамос е далеку најдобриот стопер во светот“, рече Ругери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА реагираше заради политичките пораки на Аргентинците, фудбалскиот свет во шок од одлуката

Синоќа во Атланта се одигра фантастично полуфинале на Светското првенство помеѓу Аргентина…