Играчите на кои им истекува договорот претставуваат одлична можност за засилување без плаќање на трансферна сума.
На лето неколку големи ѕвезди ќе бидат без договор, а битката за нивниот потпис веќе започна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се чини дека никогаш немало толку големи имиња на кои им истекува договорот како сега, па ќе биде интересно да се види кој ќе излезе како победник за нивните потписи.
Најголема ѕвезда без договор е секако Килијан Мбапе, кој на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ без обештетување, а се поизвесно е дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.
Интересно ќе биде да се види за кој клуб ќе потпишат Пол Погба и Осман Дембеле, кои исто така на лето ќе бидат слободни агенти. Тука е и ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала кој потврди дека заминува.
Од другите големи имиња на лето слободни ќе бидат: Антонио Рудиер, Андреа Белоти, Корентин Толисо, Иско, Герет Бејл, Џеси Лингард, Алесио Ромањоли…
Се чини дека Барселона веќе ја доби битката за потписите на Франк Кеси и Андреас Кристенсен, кои како слободни агенти ќе пристигнат на „Камп Ноу“.