Големиот шеф – така германските медиуми го нарекуваат Ули Хенес.
Тоа не е од вчера, меѓутоа вчера и официјално е потврдено дека актуелниот претседател на Баерн ќе остане во Минхен, најмалку до 2022 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хенес во вторникот однесе победа во изборите за претседател на надзорниот одбор, така што доби нов четиригодишен мандат. Ова во суштина значи дека на големо го припрема теренот за претседателските избори закажани за на зима наредната година. Како што сега стојат работите и поддршката која ја ужива 66 годишниот функционер ќе го продолжи владеењето започнато уште од 1979 година.
Функцијата претседател на надзорниот одбор во пракса значи дека Хенес дури и да не добие нов претседателски мандат ќе се прашува за сите трансфери. Новата позиција му овозможува контрола во преодните рокови, така што ќе има право на вето на секој трансфер поголем од 25 милиони евра (вклучувајќи ја и платата на играчот), како и за оние кои ќе процени дека не се доволно добри.
Понатаму тоа значи дека улогата на спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ многу ќе би намалена. Тој и понатаму ќе може да преговара со потенцијалните засилувања, но Хенес ќе го има последниот збор.
Уште нешто: На овој начин Ули Хенес во целост во втор план го потисна и Карл Хајнц Румениге, актуелниот извршен директор на Баерн кој најчесто се споменуваше како негов противкандидат на претседателските избори.