Дома Фудбал Голема промена на дресовите на шпанските клубови за наредната сезона

Голема промена на дресовите на шпанските клубови за наредната сезона

Шпанските тимови од наредната сезона на дресовите нема да можат да имаат имиња на обложувалници како спонзори.

Раководството на Ла Лига одлучи да забрани рекламирање на обложувалници па така некои клубови ќе мораат да направат промена на своите дресови.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Одлуката поточно доаѓа од шпанската влада која го ограничи рекламирањето на обложувалниците на телевизија, радио, „Јутуб“ и други платформи…Рекламите за обложувалници ќе можат да се прикажуваат само од еден до пет часот наутро. На овој начин тие сакаат да го намалат бројот на зависници од коцкање.

Клубовите кои се погодени од оваа одлука се: Севиља, Валенсија, Осасуна, Леванте, Леганес, Алавес, Гранада и Мајорка. Овие клубови носеа на дресовите реклами на обложуваници и од нив заработуваа големи суми, сега таа сума ќе биде значително помала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …