Напаѓачот на Лајпциг и германски репрезентативец, Тимо Вернер веќе некое време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.
Меѓутоа, еден од најперспективните напаѓачи во светот призна дека би сакал да заигра во Премиер лигата и тоа во Манчестер Јунајтед или Ливрпул.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Да играм во Премиер лигата за мене преставува остварување на сон. Манчестер Јунајтед и Ливерпул се екипите кои често ги гледам, имаат фантастична историја и би сакал да заиграм во еден од нив. Ливерпул има одличен стадион и навивачи, но доколку би можел да бирам ќе го изберам Јунајтед“, изјави 22-годишниот напаѓач.
Вернер оваа сезона има постигнато 16 гола на 33 настапи за Лајпциг во сите натпреварувања.
RB Leipzig star Timo Werner admits he "dreams" of playing Premier League football but says he'd prefer a move to Manchester United over Liverpool. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/TbV64KjWZI
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 7, 2018