Дома Трансфер зона Годин после една година го напушта Интер

Годин после една година го напушта Интер

Поранешниот капитен на Атлетико Мадрид, Диего Година минатото лето пристигна во Интер како слободен агент и требаше да биде големо засилување.

Меѓутоа, Годин не се снаоѓа баш најдобро во форнацијата од 3-5-2 која ја користи Конте, па италијанските медиуми пренесуваат дека може да го напушти Интер после само една година.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Нероаѕурите“ ќе му дозволат на Уругваецот да си замине и веќе му порачале дека може да си бара нов клуб, бидејќи сакаат да се ослободат од неговата висока плата.

За Годин интерес покажуваат Лион и Евертон, па најверојатно на крајот на сезоната ќе ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…