Дома Фудбал Останато Говор на Роналдо: Светот во кој живееме е џунгла, не дозволувајте да влијае на вас (ВИДЕО)

Говор на Роналдо: Светот во кој живееме е џунгла, не дозволувајте да влијае на вас (ВИДЕО)

Роналдо после победата изминатиот викенд против Наполи се врати во својата земјак аде што ќе има обврски кон репрезентацијата, пред тој ја прими новата награда за најдобар фудбалер на Португалија.

Церемонијата на доделување на наградите се одржа во Лисабон. Роналдо после добивањето на наградата „Кинас де Оро“ имаше говор со кој ги воодушеви сите во публиката.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Ќе ви зборувам за еден дел од животот кој не смееме да го заборавиме. Живееме во брз свет на социјални мрежи, интернет, медиуми…Сето тоа е вистинска џунгла, не за мене само, туку тоа е така за сите спортисти. Зад мене е една комплицирана година од животот. Затоа сакам да ви кажам на сите, посебно на овие дечиња овде. Во ниту еден случај не дозволувајте јавноста да влијае на вас. Одете по вашите соништа напред и не дозволувајте да ве демотивираат. Бидете сериозни и не давајте да ве натераат да мислите дека нема да успеете. Одете секоја вечер во кревет со помислата дека ќе направите нешто големо во животот. Тоа е она што јас го направив“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стана јасно колку долго ќе отсуствува Шешко од игра

Повредата на напаѓачот на Манчестер Јунајтед Бењамин Шешко на неговото лево колено не е од…