Десетата титула ја освоија во 93-таминута, 11-та дојде после изведување на пенали, а 12-та ќе биде запаметена по неверојатното второ полувреме во режија на Зинедин Зидан.
Шпанска „Марка“ денес го објави говорот кој Зидан им го одржал на неговите играчи на полувремето, при резилтат 1:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двата тима беа апсолутно рамноправни во првото полувреме – но во вториот дел Јувентус како да не постоеше. Дел од заслугите за тоа одат кај Зизу поради неговиот ладнокрвен говор со кој им ја вратил самодовоербата на играчите.
„Најдобри сте, овде сте бидејќи сте најдобри – и морате да победите. Бевте добри во првото полувреме, но некои работи мора да се подобрат. Бидете агресвни, притиснете ги и не дозволувајте Јувентус да игра лесно како во првото полувреме“, им рекол Зидан на играчите.
Марко Асенсио кој ја запечати судбината на Јувентус со четвртиот гол имаше само пофални зборови за Зизу.
„Тој знае како да се однесува према нас, знае што треба да каже. На паузата ни рече да поправиме неколку грешки и да играме од нога во нога“, откри Асенсио.