Дома Фудбал Англија „Гоал“ тврди: Понудата е прифатена – Арсенал има нов менаџер!

„Гоал“ тврди: Понудата е прифатена – Арсенал има нов менаџер!

Oд Лондон пристигнува вест дека Арсенал има нов менаџер!

„Катедрата“ на професорот ќе ја наследи неговиот „ученик“! Сепак, не оној кој Французинот го посакуваше.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фаворит на Венгер за негов наследник беше Патрик Виера, но победи струјата која беше предводена од Иван Газидис.

Нов менаџер на Арсенал ќе биде Микел Артета.

Поранешниот играч за врска на „топчиите“ по завршувањето на играчката кариера тренерскиот занает го учеше во Манчестер Сити, покрај Пеп Гвардиола, на кого две години му беше асистент.

Во овие моменти се чека официјалната потврда, но реномираниот портгал „Goal“ пренесува дека работата е завршена и дека Артета ја прифатил понудата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барди со проектил од далечина во убедливиот триумф на Коњаспор (Видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го остави својот белег во убедливата победа на Коњ…