Дома Останати Тенис „Гледав додека Ѓоковиќ губеше 2:0 и си легнав, знаев дека ќе победи“

„Гледав додека Ѓоковиќ губеше 2:0 и си легнав, знаев дека ќе победи“

Иако се големи ривали, Карлос Алкараз не крие дека ги гледа мечевите на Новак Ѓоковиќ и тоа го призна по победата против Ден Еванс на УС Опен со 3:1 (6:3, 6:2, 4:6, 6:3).

Ѓоковиќ еден ден пред Алкараз играше против Ѓере, Алкараз во овој меч ги гледал само првите два сета кога Ѓере имаше водство од 2:0 во сетови. Сепак, Шпанецот немал дилеми дека Ѓоковиќ ќе победи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ги гледав првите два сета од тој меч, потоа си легнав. Но, знаев дека Ѓоковиќ ќе се врати и ќе победи, уште еднаш само докажа дека е еден од најдобрите во историјата“, изјави Алкараз.

Не штедеше пофалби Алкараз за својот ривал.

„Лудо е тоа што го прави Новак, да се прават такви работи на 36 години е неверојатно. Игра како 20-годишник, мора тоа да го признаете и да му се восхитувате“, истакна Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…