Дома Останати Кошарка НБА Гласање за „Ол-Стар“: Лука има повеќе гласови од една од најголемите ѕвезди во НБА!

Гласање за „Ол-Стар“: Лука има повеќе гласови од една од најголемите ѕвезди во НБА!

0

НБА лигата ги објави новите резултати од гласањето на фановите за „Ол-Стар“ натпреварот, а она што се забележува во прв момент е неверојатно високиот пласман на Лука Дончиќ.

Доказ дека 19 годишниот Словенец навистина блеска во најсилната кошаркатска лига е тоа дека има повеќе гласови од една од најголемите ѕвезди во НБА, Стеф Кари.

Лука Дончиќ на овој пресек собра 2.220.077 гласови, а на Западот единствено повеќе има само Леброн Џејмс – 2.779.812.

Овогодинешниот „Ол Стар“ се игра на 17-ти февруари во Шарлот, а гласовите од публиката се само 50% од изборот. Преостанатиот процент се бира од страна на играчите и претставниците на медиумите.

Остатокот од ростерот традиционално го пополнуваат тренерите, но вреди да се потсети дека од минатата година нема натпревар помеѓу Западот и Истокот, иако и од двете конференции доаѓаат ист број играчи.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Спектакуларни фотографии од вечното дерби во финалето на српскиот куп (ФОТО)

Вчера се одигра финалето во српскиот куп помеѓу Црвена Звезда и Партизан, а на крајот тоа …