Дома Трансфер зона Ги одбиваше понудите на Баерн, а сега Челзи го испраќа на позајмица

Ги одбиваше понудите на Баерн, а сега Челзи го испраќа на позајмица

Калум Хадсон Одои едно време беше голема желба на Баерн Минхен, германскиот гигант правеше се за да го доведе во своите редови, но на крајот тој остана во Челзи.

Баерн испраќаше неколку понуди, стигнаа и до 70 милиони евра, меѓутоа трансферот не се реализираше. Одои подоцна потпиша договор вреден 120.000 фунти неделно, меѓутоа не ги исполни очекувањата во Челзи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се случи повредата на ахиловата тетива и неколку месеци беше надвор од терените, а по враќањето од повреда не добива многу простор за игра од Тухел. Поради таквата ситуација во финишот од овој преоден рок би можел да замине на позајмица.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Одои ќе најде нов клуб до крајот на месецот. Најмногу се поврзува со Борусија Дортмунд, Њукасл и Саутемптон, но се шпекулира дека има и други заинтересирани.

„Сините“ се свесни дека Одои има потенцијал па затоа не сакаат во целост да се откажат од неговите услуги и се спремни да го пуштат само на позајмица. Одои е „дете на Челзи“ и ги помина сите младински категории на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…