Дома Фудбал Останато Ги нема Нејмар, Кавани, Мбапе, Верати…па шанса ќе добие синот на Жорж Веа!

Ги нема Нејмар, Кавани, Мбапе, Верати…па шанса ќе добие синот на Жорж Веа!

Натпреварот против Реал Мадрид за Пари Сен Жермен е и натпревар на сезоната за богатите „светци“.

Пред оваа средба ПСЖ во домашното првенство го очекува натпревар против Троа. Стратегот на „светците“, Унаи Емери најави и големи промени во тимот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Како што е познато, Нејмар замина на операција во Бразил, Мбапе заработи мала повреда. Покрај нив за утрешното гостување не отпатуваа ниту Кавани, Пасторе, Маркињос и Верати.

Јасно, Емери стравува од нови повреди пред најважниот натпревар во сезоната во кој имаат заостанување од 3:1 од натпреварот во Мадрид, па на утрешниот натпревар ќе настапи со комбиниран состав.

Поради ова шанса за настап се очекува да добие Тимотни Веа. 18 годишниот син на легендарниот Жорж Веа се најде во комбинација за натпреварот против Троа.

Во видеото под текстот погледнете дел од квалитетите на младиот Веа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ако Гвардиола го напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната, по него веднаш заминува и големата ѕвезда

Еден од оние кои први би размислил за својата иднина е норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд. Н…