Дома Фудбал Останато Гигс ја изненади Англија со изборот: Во неговите идеални 11 на Јунајтед ги нема Роналдо и Видиќ!

Гигс ја изненади Англија со изборот: Во неговите идеални 11 на Јунајтед ги нема Роналдо и Видиќ!

Aнглиската јавноста остана изненадена од изборот на Рајан Гигс за неговите идеални 11 фудбалери со кој играл во Манчестер Јунајтед.

Фановите најмногу се изненадени што во тимот на Гигс немаше место за Кристиано Роналдо и Немања Видиќ. Српскиот стопер играше во тандем со Рио Фердинанд и овие двајца важат за еден од најсилните одбранбени тандеми во историјата на фудбалот, сепак Гигс очигледно не мисли така.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


За Фердинанд имаше место, а покрај него место доби Французинот Микаел Силвестре што секако е изненадување. Заедно со нив дваја во одбраната се Гери Невил (десно) и Денис Ирвин (лево), додека на голот е Питер Шмајхел.

Средниот ред го сочинуваат Ники Бат и Пол Сколс, зад нив се Рој Кин, а во нападот Бекам, Руни и Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Иван Ракитиќ рече “доста” и веќе е подготвен за следната работа!

Иван Ракитиќ ја заврши својата професионална кариера. За некои оваа одлука не е толку неоч…