Офанзивниот играч за врска на Баер Леверкузен, Флориан Виртц го привлече вниманието на најголемите клубови на Стариот континент.
Манчестер Сити, Реал Мадрид, ПСЖ и Баерн Минхен веќе подолго време ги следат настапите на Виртц и сакаат да го донесат во своите редови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Виртц има договор со Леверкузен до 2026 година, па поради тоа „фармацевтите“ не брзаат со продажбата. Меѓутоа, германскиот клуб е спремен да го продаде доколку некој клуб испрати примамлива понуда.
Манчестер Сити сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент, а Гвардиола го посочил како приоритет.
20-годишниот Вирц оваа сезона на 7 настапи во Бундеслигата има 1 гол и 3 асистенции, а веќе е стандарден во германската репрезентација.
🚨Manchester City will race with the likes of PSG, Real Madrid and Bayern Munich to sign Leverkusen's 20-year-old German player Florian Wirtz in January.
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) October 11, 2023
🇩🇪 🔵 #MCFC 🔴 #Bayer04pic.twitter.com/jFJ8l6TpKI https://t.co/hxX7FFowDl