Дома Трансфер зона Гигантите се тепаат за ѕвездата на Ватфорд

Гигантите се тепаат за ѕвездата на Ватфорд

Јувентус е еден од четирите клуба кои се заинтересирани за 20-годишниот крилен напаѓач на Ватфорд, Ричарлисон.

Бразилскиот талент оваа сезона пристигна во Европа и со своите настапи за Ватфорд го привлече вниманието на некои од најголемите европски клубови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според „Газета дело Спорт“ интерес за Ричарлисон покрај Јувентус покажуваат Баерн Минхен како и двата клуба од Манчестер.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е спремен веднаш да ја плати сумата од 40 милиони фунти која ја бара Ватфорд за неговата слобода. „Специјаниот“ смета дека Ричарлисон ќе биде идеална замена за Марсијал кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“.

Ричарлисон пристигна во Ватфорд минатото лето од Флуминенсе за 12,5 милиони евра и оваа сезона на 34 меча во Премиер лигата постигна 5 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…