Белгија во последните неколку години важи како најголем расадник на таленти, а моментално во белгиската лига игра еден од најголемите таленти во Европа – Јури Тилеманс.
Тилеманс е продукт на школата на Андерлехт и најмлад дебитант во историјата на белгиската лига, па поради тоа игра многу зрело иако сеуште нема ни 20 години.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тој е прототип на модерен играч за врска кој може да игра наседе во средниот ред – трча, краде топки, асистира, дава голови, едноставно е комплетен.
Поради тоа Тилеманс е на радарот на многу европски гиганти кои константно ги следат неговите настапи и сакаат да го доведат во своите редови.
Така беше и на последниот натпревар на Андерлехт против Остенде, кога на трибините имаше скаути на Милан, Манчестер Сити, Порто, Барселона, Јувентус, Евертон и Бенфика, а Тилеманс блесна со два прекрасни гола.
Тој постигна два неверојатни гола, па сигурно дека на лето ќе се води „војна“ за неговиот потпис.