Дома Останати Кошарка Гечевски потврди: Македонија ќе биде без Нено во Талин

Гечевски потврди: Македонија ќе биде без Нено во Талин

Ненад Димитријевиќ, за жал, нема да биде во можност да биде дел од нашиот национален тим за потребите кои со себе ги носат ноемвриските квалификации односно турнирот кој од 28. до 30. ноември, ќе се одржи во Талин.

На барање на спортскиот директор на нашите национални селекции Тодор Гечевски, во текот на вчерашниот ден Димитријевиќ беше детално прегледан на Клиниката „Жан Митрев“ во Скопје.

По комплетирањето на медицинските резултати, препораката на докторите е Ненад Димитријевиќ да продолжи со опоравувањето по прележаниот коронавирус. И дека во овој момент не може максимално да тренира и да се натпреварува на највисоко ниво.

„По вчерашните детални прегледи кои Ненад Димитријевиќ ги направи во клиниката ‘Жан Митрев’ во Скопје, препораките на медицинските лица кои ги реализираа, се дека дека во овој момент, тој не е во можност максимално да тренира и да се натпреварува, и да одговори на барањата и пред сè, напорите кои со себе ги носат патувањето до Талин, тренинзите и одигрување на два натпревари во така краток временски период. Особено што, како што потенцираа докторите, Димитријевиќ се враќа по прележувањето на вирусот Covid-19,  а поради кој мораше да има дополнителен лекарски, односно болнички надзор во период од две недели“.

„Од тие причини, а првично, пред сè, поради здравјето на Нено, нормално и во интересот на македонската репрезентација, тој треба да биде тука во наредните 10-15 години, ние како раководен тим во федерацијата, заеднички одлучивме дека не треба да патува. Туку дека под лекарски надзор, полека треба да им се враќа на оние нормални спортски, кошаркарски активности, за да дојде во ситуација повторно да биде оној што беше пред да дојде во ваква ситуација која ја предизвика коронавирусот. Да тренира и игра најдобро што знае и умее“- изјави Гечевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Бомба“: Гвардиола во Серија А, но не во Јувентус

Шпанскиот медиум „Дон Балон“ лансираше вистинска „бомба“ и пренесува дека Пеп Гвардиола од…