Дома Фудбал Германија Германците не простуваат: Дембеле казнет и суспендиран!

Германците не простуваат: Дембеле казнет и суспендиран!

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле, заработи казна и суспензија поради пропуштањето на тренингот на германскиот клуб.

Дембеле ненајавено одлучил да замине за Париз каде што чека зелено светло за да го комплетира трансферот во Барселона. Меѓутоа преговорите помеѓу Борусија и Барселона не се одвиваа како што очекуваше фудбалерот и германскиот клуб ја одби понудата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Овој потег Дембеле скапо ќе го плати. Тимот објави дека ќе биде казнет и суспендиран поради ваквиот потег, но сеуште не е познато за каква казна се работи.

Да потсетиме, талентираниот фудбалер не се појави на утринскиот тренинг, а покрај тоа и не одговараше на телефонските повици на тренрот на „милионерите“ Питер Бош. Дембеле сепак на крајот ќе мора да се врати во Дортмунд иако силно посакуваше преселба на „Ноу Камп“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

ФФМ доби нов партнер

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со гордост го најавува најновото партнерство со…