Дома Фудбал Лига на шампиони Германците имаат за што да стравуваат: Баерн е омилена жртва на Кристиано Роналдо

Германците имаат за што да стравуваат: Баерн е омилена жртва на Кристиано Роналдо

Денешниот ждреб во полуфиналето во Лигата на шампионите сакаше да се сретнат Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Ваквите натпревари во главно се нарекуваат финале пред финале, а со оглед на тоа за какви тимови се работи и со какви играчи располагаат, тоа навистина е така. На едната страна се Кристиано Роналдо, Карим Бензема, Серхио Рамос, Лука Модриќ…на другата Роберт Левансовски, Арјен Робен, Томас Милер, Франк Рибери

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Според многумина победникот од овој полуфинален двомеч ќе биде и новиот шампион на Европа, а на Реал му се даваат поголеми шанси, иако во средата навечер одигра лош натпревар против Јувентус.

Додека го имаат Роналдо „кралевите“ секогаш ќе бидат фаворити, а Баерн има посебна причина да стравува бидејќи овој клуб е една од неговите омилени жртви.

Португалецот против Баерн Минхен во својата кариера постигна девет погодоци.

Минатата сезона Реал во ¼ финалето го победи Баерн во два натпревари, подоцна беше и шампион на Европа. Во тие натпревари Роналдо постигна пет погодоци. Прво постигна два во Минхен за победа од 2:1, за во реваншот во Мадрид да биде стрелец на три, од кои два во продолженијата.

Според тоа во каква форма игра Роналдо и овој пат ќе биде страв и трепет за одбраната на Германците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Незапаметен срам за Реал Мадрид пред дуелот со Мајорка

Реал Мадрид вечерва ја пречекува Мајорка и само победа ќе ги остави „Кралевите“ во игра за…