Дома Останати Авто Мото Германски таблоид ќе плати 200.000 евра оштета на семејството на Шумахер

Германски таблоид ќе плати 200.000 евра оштета на семејството на Шумахер

Германскиот таблоид „Де Актуеле“ пред една година го објави наводното „прво интервју со Михаел Шумахер“. Со голема фотографија од легендарниот возач на насловната страна истакнаа дека направиле интервју со Шумахер кој не излегува од куќата во Швајцарија.

Но, станувало збор за измама. Луѓето во овој медиум ја користеле вештачката интелигенција за одговорите на Шумахер, судот сега одлучи дека ќе треба да му исплатат на семејството на Шумахер оштета од 200.000 евра. Уредничката во медиумот по тоа наводно интервју беше сменета.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поминаа овеќе од десет години откако Шумахер имаше тешка несреќа на скијање на француските алпи. При падот тој тешко ја повреди главата и неговата состојба засега не е позната на јавноста. Неговата сопруга Корина молчи и не открива детали во јавноста, пристап до Шумахер имаат само одредени луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Од 2026 година ќе гледаме нов тим во Формула 1

Tимот на Кадилак од 2026 година ќе стане 11. член на Формула 1 откако Џенерал Моторс, мати…