Во Италија расправата околу „калчополи“ никогаш нема да запре…
Сојузот се огласи како ненадлжен на барањето на Јувентус да им бидат вратени титулите кои им беа одземени во 2005 и 2006 година (Онаа од 2006 беше доделена на Интер, додека 2005 не му припадна на никого).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Јувентус не се откажуваат и покрај титулите бараат да им се исплати огромна сума како оштета. Имено, после „калчополи“ се појавија докази кои биле скриени, како телефонски разговорите на покојниот претседател Факети и неговиот притисок на судиите.
Но, дилеми нема Јувентус официјално беше прогласен за најголем виновник и според сојузот има 33 титули.
Овде се работи за нешто друго. Како што пишува „Билд“ во Германија невозможно е некој клуб да се спротиставува на сојузот како што тоа го прави Јувентус. „Старата дама“ на „Алијанц стадионот“ го има бројот 35, тој ги претставува и двете одземени титули.
Не само навивачите, туку и клубот не го интересира судиската одлука, па сега се шпекулира дека од сојзуот го убедуваат Ањели да ја отстрани таа бројка од официјалните места, докоменти и брендови. Тој секако тоа барање ќе го одбие, а за работата да биде уште поинтересна Ањели е кандидат за прв човек на италијанскиот спорт.
Во тој случај веројатно би го заменил Павел Недвед, додека според некои извори Буфон би можел да биде потпретседател.
Јувентус како што пишува „Билд“ , доколку ја освои титулата на свеченоста бројот 35 ќе биде заменет со 36 и тоа воопшто не се доведува во прашање.
Иначе, целата приказна на „Билд“ настана после интервјуто на Роналдо. Бразилецот тврдеше дека Јувентус ја украл титулата на Интер од 1997 година кога не бил досуден пенал во нивна корист и дека целиот систем бил корумпиран во корист на Јувентус.