Дома Фудбал Германска дисциплина: Флик одбил едно барање на фудбалерите на Барселона

Германска дисциплина: Флик одбил едно барање на фудбалерите на Барселона

Фудбалерите на Барселона викендов во Мадрид го декласираа Реал со 4:0 во „Ел Класико“, а пред пет дена беа подобри од Баерн на домашен терен со 4:1 во Лигата на шампионите.

Така Барселона има фантастична недела, но германскиот тренер, Ханси Флик не сака да препушти ништо на случајноста и строго се држи до германската дисциплина.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Како што пренесува „АС“, фудбалерите на Барселона побарале од германскиот стратег три поврзани слободни денови, но Флик го игнорирал нивното барање.

Фудбалерите се обиделе по двете големи победи да добијат барем еден дополнителен ден за опоравување, меѓутоа Флик цврсто останал на својот став.

Фудбалерите на Барселона ќе мора да тренираат во среда и тогаш да ги започнат подготовките за неделното градско дерби со Еспањол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На „Енфилд“ му е „забранет влез“ поради Жота, а тој првпат се изјасни: „Сето ова е толку сурово“

Луис Дијаз во дебито за Баерн успеа да се запише на листата стрелци, а голот го прослави в…