Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО „Како е можно во иста група да бидат последните два светски и актуелниот европски шампион?!“

„Како е можно во иста група да бидат последните два светски и актуелниот европски шампион?!“

Ѕвездата на Баерн и репрезентацијата на Германија Џошуа Кимих е еден од многуте разочарани од жребот за Европското првенство во 2020 година.

Кимих не може да си поверува како ждребот дозволи во една група да бидат светскиот шампион од 2014 (Германија), актуелниот европски шампион (Португалија) и актуелниот светски шампион (Франција).

„Навистина не разбирам како може Германија, победник во квалификационата група и светски шампион од 2014 на ЕП да биде во група со Португалија, актуелниот европски шампион и Франција актуелниот светски шампион? Каков ждреб е тоа!? Вакво нешто немало на ниту едно првенство“, изјави Кимих.

Инаку во оваа група може да се најде и Македонија ако се пласираме на ЕП. Доколку ние се пласираме на Европското првенство, а истото го направи и Романија тогаш ние ќе играме во оваа група. Во случај Романија да не се пласира ќе играме во група со Холандија, Австрија и Украина.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Човекот кој го откри Гризман: Во Барса не му подаваат, се гледа дека има проблем и не ужива

Човекот кој го откри Антоан Гризман и тоа како младо момче даде интервју за „Мундо Депорти…