Дома Останати Гевгелија престолнина на атлетиката – Mozzart и годинава го поддржа спортскиот настан „NOVEMBER RUN 2023“

Гевгелија престолнина на атлетиката – Mozzart и годинава го поддржа спортскиот настан „NOVEMBER RUN 2023“

Гевгелија минатиот викенд беше вистинска престолнина на атлетиката и домаќин на најголемиот спортски настан во регионот кој беше поддржан од лидерот во приредување игри на среќа.

Компанијата Mozzart и годинава беше еден од спонзорите на третата по ред трка „NOVEMBER RUN 2023“ на која учество земаа 2300 натпреварувачи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Викендов, Гевгелија беше домаќин на најголемиот атлетски спортски настан во регионот, обединувајќи 2300 натпреварувачи од 14 држави. Особено сме благодарни на компанијата Mozzart која веќе втор пат е наш значаен спонзор и соработник со чија поддршка успеавме да организираме ваков масовен спортски настан”, изјави Игор Коцевски, Претседател на Атлетски Клуб 7ми Ноември Гевгелија.

Главниот настан беше трката на 5 и 10 км, по што следуваа три детски трки, како и тката ‘Run Together’ за лицата со попреченост.

 „Mozzart застана зад уште еден голем спортски настан. Ни преставува чест и задоволство што до нас се почесто стигнуваат барања за помош и поддршка на вакви големи манифестации. Ова е втора година по ред како нашата компанија даде зелено светло и помогна во организацијата на настанот. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и во иднина, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Бројот на спортски настани, поддржани од лидерот во приредување игри на среќа се повеќе расте. Само годинава  Mozzart застана зад 15 вакви и слични настани. Помошта и поддршката продолжува и натаму, а се со цел развој на спортот и спортскиот дух. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонското знаме се развеа во Милано и Кортина (Видео)

Вечерва беа отворени Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина на кои ќе учествува и Мак…