Дома Фудбал Англија Гвардиола: Титулата може да биде решена на гол-разлика!

Гвардиола: Титулата може да биде решена на гол-разлика!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека трката за титулата оваа сезона ќе биде решена на самиот крај и може да одлучува гол-разликата.

Во моментов „граѓаните“ имаат предност од пет гола во однос на Ливерпул и токму поради овој показател можат да избијат на првото место вечерва, доколку го победат Евертон.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Сигурен сум дека првенството ќе биде одлучено во последното коло. Ние ќе се обидеме да бидеме успешни во сите натпреварувања во кои учествуваме, но ментално е навистина тешко. Со еден пораз, се се завршува. Имам, чувство дека секој меч е финале. Овој месец е ужасен“, истакна Гвардиола.

„Титулата може да биде решена на гол-разлика оваа сезона. Затоа првата задача на играчите е да победат, а втората да дадат колку што е можно повеќе голови“, заклучи каталонскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ го прегази Реал Мадрид за пласман финале

Европскиот клупски шампион Пари Сен Жермен го победи со 4:0 Реал Мадрид во второто полуфин…