Манчестер Сити не беше многу активен во летниот преоден рок, па поради тоа Гвардиола сака во јануари значително да го засили својот тим.
Ова лето на „Етихад“ пристигнаа Родри од Атлетико Мадрид и Кансело од Јувентус, а медиумите ги открија главните трансфер мети на „граѓаните“ во јануарскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми шпекулираат дека со повредата на Лапорт, Сити ќе мора да донесе еден врвен дефанзивец, а прва мета е Милан Скриниар од Интер.
Тешко е да се поверува дека Конте ќе дозволи заминување на еден од најважните фудбалери на тимот, но медиумите тврдат дека Сити спрема богата понуда која „нероаѕуроте“ тешко ќе можат да ја одбијат.
Другата мета е 20-годишниот Флорентино Луис од Бефика. Младиот Португалец во својот договор има откупна клаузула од 60 милиони евра, но Сити сака да започне преговори и да договори пониско обештетување.