Тотенхем му овозможи добар буџет за засилувања на Антонио Конте, е приоритет во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на одбраната.
Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна цел на Конте е стоперот на Интер, Милан Скриниар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Конте смета дека Скриниар е идеален дефанзивец за неговата формација со тројца во последната линија, притоа одлично го познава од времето кога заедно работеа во Интер.
Проблем за „спарси“ е што Интер не сака да се раздели со својата ѕвезда на средина од сезоната бидејќи се бори за Скудетото.
Спортскиот директор Паратичи веќе остварил контакт со агентот на дефанзивецот и работи на трансферот за следното лето. Се верува дека Интер на лето ќе биде спремен да прифати понуда од 50 милиони евра.