Јануарскиот преоден рок започна вчера, а денеска многу шпекулации се појавија во фудбалската јавност.
Манчестер Сити оваа сезона води голема битка во Премиер лигата во одбрана на титулата во Англија, бидејќи Ливерпул игра неверојатна сезона и има седум бода предност. Овие тимови утре се среќаваат на Етихад, а на екипата на Пеп му се потребни засилувања за да остане во борба за првото место.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Гвардиола повторно сака да потроши огромна сума на пари бидејќи не е задоволен од моменталната форма на тимот. Наводно, Гвардиола е заинтересиран за ѕвездата на Барселона, Фелипе Кутињо, кој пред една година се пресели на Камп Ноу од Ливерпул.
Медиумите од Островот дека Сити е заинтересиран за Бразилцот поради честите повреди на Де Брујне и Фернандињо. Наводно, Граѓаните се спремни да платат 160. милиони евра за Кутињо, односно исто колку го плати и Барселона.
Гвардиола го гледа Кутињо како замена за Давид Силва кој најверојатно по крајот на сезоната ќе го напушти клубот. Сепак, тешко дека Барса така лесно ќе се откаже од играчот кој со месеци се бореше да го донесе. Но, научивме дека во фудбалот се е можно.