Дома Фудбал Англија Гвардиола се пожали од навивачите, Ливерпул најави истрага

Гвардиола се пожали од навивачите, Ливерпул најави истрага

Само еден гол беше виден на дуелот помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити, доволен за да се радуваат навивачите на домашниот тим, Мохамед Салах им донесе важен триумф на „црвените“ од 1:0.

„Публиката се обиде да ме удри со монети и некои предмети, беа фрлани кон мене, но за среќе не ме погодија. Можеби следниот пат ќе бидат поуспешни во намерата“, изјави тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола по натпреварот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Од Ливерпул соопштија дека ќе го истражат целиот инцидент.,

„Знаеме дека имаше инцидент во кој одредени предмети беа фрлени на теренот. Неприфатливо однесување кое не го очекуваме на „Енфилд“. Инцидентот ќе се проверува со помош на надзорните камери. Виновниците ќе бидат казнети, што вклучува доживотна забрана за доаѓање на „Енфилд“, а можеби и на сите фудбалски натпревари“, изјави портпаролот на „црвените“.

За време на натпреварот имаше дури и морбидни навреди упатени кон семејствата на загинатите во трагедијата во Хилсборо.

„Разочарани сме што слушнавме одвратни извици за таа трагедија од гостинскиот тим. Просторот на гостинската страна исто така беше уништен од графити. Ќе соработуваме со Манчестер Сити за да направиме се за да ги искорениме таквите работи од фудбалот“, се вели во соопштението на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…