Дома Фудбал Англија Гвардиола: Се надевам Халанд нема да јаде многу во текот на одморот

Гвардиола: Се надевам Халанд нема да јаде многу во текот на одморот

Останува уште помалку од еден месец до Светското првенство во Катар. До средината на ноември не чека многу густ распоред во лигите ширум светот, а шампионатите во Европа ќе продолжат во јануари.

Поголемиот дел од играчите на врвните клубови нема да имаат можност за одмор, но има и дел од оние чии репрезентации не се пласираа на најголемата светска фудбалска егзибиција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од нив е актуелниот најдобар стрелец во Премиер лигата, Ерлинг Халанд, кој ја започна сезоната во својот нов клуб Манчестер Сити со неверојатни 22 гола на 15 настапи. Норвежаните не се пласираа на Светското првенство, па 22-годишниот напаѓач ќе има можност да одмори повеќе од еден месец.

Дел од одморот тој ќе го помине во Марбеља каде што често пати го поминува слободното време. Пеп Гвардиола разговарал со Норвежанецо и му порачал што очекува од него за време на одморот.

„Разговарав со играчите кои нема да играат на Светското првенство и ќе имаат многу одмор. Халанд еден дел сигурно ќе помине во Марбеља, а другиот во Норвешка. Како ќе игра во вториот дел од сезоната зависи од тоа како ќе се однесува на одморот. Тој има куќа во Марбеља и сигурно оди таму. Ќе игра голф и се надевам дека нема да јаде и пие премногу и дека ќе се врати во клубот во најдобра форма пред вториот дел од сезоната“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…