Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази надеж дека неговите играчи ќе се вратат задрави од репрезентативните обврски.
Манчестер Сити се бори за титулата во Премиер лигата, притоа се наоѓа во полуфиналето од ФА Купот и во четвртфиналето од Лигата на шампиони, па го очекува згуснат распоред.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Играчите треба да одат со националните тимови, да се забавуваат, да играат за своите држави, но се надевам дека ќе се вратат здрави и во добра форма како што се во моментов. Можеби ќе победат, ќе даваат голови, но јас само сакам да се вратат здрави во клубот“, изјави Гвардиола.
Следниот меч на Манчестер Сити во Премиер лигата на програмата е на 30-ти март, кога ќе му гостуваат на Филам.
„Граѓаните“ во овој момент на второто место на табалета во Премиер лигата со 74 бода, а лидерот Ливерпул има 76 бода, но и натпревар повеќе.
Manchester City manager Pep Guardiola is "praying" none of his players get injured on international duty as they continue their quadruple challenge.
More: https://t.co/LowB5xJoWK pic.twitter.com/LeIBLGDmka
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) March 18, 2019