Дома Фудбал Англија Гвардиола откри што се обидува да направи до крајот на преодниот рок

Гвардиола откри што се обидува да направи до крајот на преодниот рок

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе се обиде да донесе уште едно засилување до крајот на преодниот рок, кој во Англија завршува во четврток.

До овој момент „граѓаните“ се засилија само со еден играч, пристигна Ријад Марез од Лестер за 60 милиони фунти.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Гвардиола сака уште еден играч за врска, кој ќе биде алтернатива на Фернандињо и ќе се обида да го донесе до крајот на преодниот рок.

„Се обидуваме. Сакаме да донесеме уште едно засилување бидејќи немаме конкурентен играч кој може да го замени Фернандињо. Ако не успееме нема да донесеме друг играч. Имаме трансфер цели, не знам дали сме блиску, ќе видиме“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хрватите во Подгорица скандираа „Убиј го Србинот“, еве како реагираа Црногорците! (Видео)

Фудбалерите на Хрватска постигнаа победа против Црна Гора со резултат од 3:2, завршувајќи …