Дома Фудбал Англија Гвардиола откри за кого ќе навива во Лига на шампиони

Гвардиола откри за кого ќе навива во Лига на шампиони

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри за кој тим ќе навива во Лигата на шампионите, после елиминацијата на „граѓаните“ во четвртфиналето.

„Бидејќи ние и Барселона отпаднавме, ќе навивам Баерн. Се надевам овој пат дека ќе имаат повеќе среќа отколку во претходните сезони“, истакна Гвардиола кој помина три години на чело на Баварците.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Кога ривал ќе ве отстрани со вкупен резултат од 1:5, можете само да му честитате. Ми се допадна како реагиравме по поразот на „Енфилд“, исто така многу силно игравме до паузата против Манчестер Јунајтед. Да не заборавиме дека нашиот гол против Ливерпул беше неправедно поништен. Секој детал во Лигата на шампионите е од огромно значење. Одигравме подобро од минатата година“, заклучи Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…