Неодамна стратегот на Манчестер Сити Пеп Гваардиола ги наброја трите најдобри тимови во Европа во последната деценија и помеѓу нив го немаше Реал Мадрид.
За Гвардиола најдобрите тимови во последната деценија се Барселона, Баерн Минхен и Јувентус. Тоа негово мислење крена голема прашина, најмногу поради трите освоени титули во низа на Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес на прес-конференцијата пред дербито против Челзи во Премиер лигата Пеп даде објаснување за своето мислење.
„Ако ја зимаме во предвид само Европа, тогаш да тие се се најдобриот тим. Меѓутоа кога ќе кажеме најдобри тимови во деценијата, тогаш тука ги сметаме и другите натпреварувања (куповите, домашните првенства). Јувентус, Барселона и Баерн своите првенства ги освоијува по шест-седум пати, а Реал само два пати. Верувам дека Солари подобро ќе ме сфати и дека навивачите на Реал ќе бидат задоволни после моето објаснување“, порача Гвардиола.
Дербито помеѓу Манчестер Сити и Челзи се игра во недела од 17:00 часот.