Дома Топ вести Гвардиола нуди богатство за Лукас Пакета

Гвардиола нуди богатство за Лукас Пакета

Манчестер Сити е силно заинтересиран за ѕвездата на Вест Хем и бразилски репрезентативец, Лукас Пакета.

Пакета блесна во дресот на Лион и минатото лето направи трансфер во Вест Хем за 50 милиони евра.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Бразилецот беше една од светлите точки минатата сезона во тимот на „чеканите“ и Гвардиола сака да го доведе на „Етихад“.

„Граѓаните“ испратиле понуда од 70 милиони фунти за неговиот потпис, но Вест Хем не ја прифатил бидејќи за неговата слобода бара 80 милиони фунти.

Преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат, а самиот Пакета инсистира на трансфер и веќе има договор со Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…