Дома Топ вести Гвардиола на зимски шопинг во Мадрид

Гвардиола на зимски шопинг во Мадрид

Шпанските и англиските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола замената за Илкај Гундоган ќе ја бара во Атлетико Мадрид.

Малерозниот Гундоган синиќа против Ватфорд доживеа повреда на лигаментите на коленото и ќе биде надвор од терените околу 4 месеци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради тоа Гвардиола смета дека ќе биде неопходно во зимскиот преоден рок раководството да донесе квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Германецот.

Медиумите во Шпанија тврдат дека Пеп како иделано засилување на тој дел од теренот го гледа во ѕвездата на Атлетико Мадрид, Коке.

Сепак, тешко е да се поверува дека „јорганџиите“ ќе се согласат на негов трансфер, а откупната клаузула на Коке изнесува неверојатни 150 милиони евра, сума која ни Манчестер Сити не е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…