Дома Фудбал Останато Гвардиола наскоро ја напушта Европа

Гвардиола наскоро ја напушта Европа

Пеп Гвардиола после истекот на договорот со Манчестер Сити би можел да ја напушти Европа, пренесуваат медиумите на Островот.

Имено, славниот тренер на лето 2023 година би можел да седне на кормилотио на Њујорк Сити, клуб кој ги има истите сопственици како Манчестер Сити.

Доколку Гвардиола навистина се пресели во американската МЛС лига тоа ќе биде голема загуба за европскиот фудбал.

Потсетуваме, 50-годишниот Гвардиола седна на клупата на Манчестер Сити во 2016 година, а претходно ги водеше Баерн Минхен и Барселона.

Гвардиола е еден од најуспешните фудбалски тренери во историјата и според многумина голем иноватор кој дава голем придонес во развитокот на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал во последните моменти се спаси од пораз против Елче 🎥

Елче беше блиску да приреди голема сензација во Ла Лига, но на крајот Реал успеа да извлеч…