Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола и фудбалерот на „граѓаните“ Лерој Сане се прогласени за најдобри во Премиер лигата за месец октомври.
Тимот на Гвардиола е единствениот непоразен во шампионатот, а Сане беше стрелец на последните три натпревари на „граѓаните“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сане постигна голови против Стоук, Барнли и ВБА во Премиер лигата, а оваа сезона има постигнато вкупно 6 гола и пет асистенции.
Манчестер Сити после 11 кола е лидер во Премиер лигата и единствен непоразен тим.
Congratulations to @ManCity's Pep Guardiola on winning his second successive Barclays Manager of the Month award in a superb October for the club. pic.twitter.com/4UQfT2E6iM
— Barclays Football (@BarclaysFooty) November 17, 2017