Серхио Агуеро на крајот на сезоната најверојато ќе го напушти Манчестер Сити па затоа Пеп Гвардиола ќе мора да најде ново решение за нападот.
Агуеро во изминатите 10 години се етаблираше во најдобар стрелец во историјата на клубот, па на Гвардиола нема да му биде лесно да најде замена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Изминатите денови се споменуваа имиња на Ерлинг Халанд и Ромелу Лукаку, но „граѓаните“ имаат и резервна опција.
Станува збор за напаѓачот на Саутемптон, Дени Ингс кој игра уште една одлична сезона.
28-годишниот Англичанец оваа сезона на 25 меча постигна 9 гола и запиша 3 асистенции.
Manchester City are interested in signing Southampton forward Danny Ings this summer as a potential successor to Sergio Agüero. (Source: Sky Sports) pic.twitter.com/gobjfYPdnA
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 22, 2021