Дома Топ вести Гвардиола има нова мета – Ромелу Лукаку

Гвардиола има нова мета – Ромелу Лукаку

Приоритет на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе  биде доведување на врвен напаѓач, а ново име на списокот на Гвардиола е Ромелу Лукаку.

Англиските медиуми тврдат дека , Манчестер Сити го гледа Белгиецот како идеална замена за Серхио Агуеро, кој е на излезна врата бидејќи му завршува договорот со „граѓаните“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Белгиецот игра фантастично во дресот на Интер, а веќе има големо искуство во Премиер лигата.

„Нероаѕурите“ моментално имаат финансиски проблеми, па Сити ќе се обиде да ги искористи и ќе испрати понуда од 80 милиони евра. Притоа, на Лукаку му нудат многу повисока плата од актуелната која ја заработува во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…