Мaнчестер Сити ја победи Севиља на пенали и го освои Суперкупот на УЕФА.
Редовните 90 минути завршија 1:1. Севиља поведе, но крилниот напаѓач Кол Палмер израмни со одличен удар со глава.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Младиот офанзивец одигра добар натпревар, а Пеп Гвардиола изненади со изјавата дека може да го напушти клубот.
“Не знам што ќе се случи со него. Мислам дека сака да го напушти клубот. Сега навистина не знам што ќе се случи. Мислам дека нема да оди на позајмица.
Или ќе остане или ќе биде продаден. Не му беше лесно да игра денес како млад играч. Играше одлично против врвни одбранбени играчи“.
Палмер (21) е заедно со Фил Фоден еден од исклучителните таленти на англискиот фудбал.
Сезонава настапи на три натпревари и постигна два гола. Тој постигна гол и против Арсенал во Комјунити Шилд, во кој Сити загуби на пенали.