Дома Фудбал Останато Гвардиола за ситуацијата во Барселона: Ако немате добри играчи, тренерот не може ништо

Гвардиола за ситуацијата во Барселона: Ако немате добри играчи, тренерот не може ништо

Кризата во Барселона, отказот на Куман, но и иднината на каталонскиот тим овие денови е една од главните теми во фудбалската јавност.

За целата ситуација околу тимот од „Ноу Камп“ се огласи и Пеп Гвардиола.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не е до Куман, туку до играчите. Чави ако дојде ќе биде поискусен од времето кога јас ја преземав Барселона, но повторно не е до него. Ако немате добри играчи тренерот не може ништо да направи. Во времето кога јас бев тренер, Барселона имаше одлична генерација на играчи во фантастични години и неверојатна форма. Едноставно се се поклопи“.

Наредниот чекор е важен за Барселона.

„Морате да знете какви играчите сакате, односно што сакате“, порача Гвардиола.

Јасно е дека Барселона нема ростер како што посакува, најголем проблем беше финансиската ситуација поради која не можеше да се доведат поголеми засилувања, а поради таа ситуација го изгубија и Меси. Останува да видиме дали во јануарскиот преоден рок Каталонците ќе можат нешто да поправат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал и Манчестер Јунајтед се „тепаат“ за ѕвездата на ПСЖ

Францускиот репрезентативец Коло Муани сака да го напушти ПСЖ во зимскиот преоден рок. Кол…