Дома Фудбал Англија Гвардиола за прославата во Сити: Најдобар момент беше кога пристигна пицата

Гвардиола за прославата во Сити: Најдобар момент беше кога пристигна пицата

Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола потврди дека неговите фудбалери ја прославиле освоената титула во Премиер лигата.

Сити во вторникот и официјално стана шампион на Англија откако Лестер го победи Манчестер Јунајтед со 1:2 на „Олд Трафорд“. Гвардиола сега имаше интересен коментар за прославата.

„На прославата убаво си поминавме. Сите пристигнавме во нашиот „меур“, се беше безбедно. Пиевме, танцувавме, славевме…Најдобриот момент беше кога во 23:30 часот пристигна пицата. Не знам зошто на прославите во Англија се пие само алкохол, нема храна. Затоа пристигнувањето на пицата беше најдобар момент“, изјави Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Историски момент беше денес да се гледа Македонија, срцето ми е полно за Пандев“

Марио Ѓуровски како што најавивме е дел од нашиот експертски кој ги коментира натпреварите…