Дома Фудбал Англија Гвардиола за Грилиш: Не го купивме за да постигнува по 45 голови во сезона

Гвардиола за Грилиш: Не го купивме за да постигнува по 45 голови во сезона

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола застана во одбрана на Џек Грилиш и порача дека критиките од јавноста кон него се претерани.

Грилиш беше платен 100 милиони фунти, но се уште не ги оправдал очекувањата на навивачите. Неодамна изјави дека за него главен статистички параметер се бројот на головите и дека ќе работи напорно да се подобри од тој аспект.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гвардиола сепак не е толку незадоволен од Грилиш.

„Можеби премногу слуша што се зборува и пишува за него. Статистички гледано игра слично како во Астон Вила, барем кога станува збор за контактот со топка. Не го купивме за да постигнува по 45 голови во сезона“, изјави Грилиш.

Англискиот фудбалер оваа сезона на 25 натпревари во сите натпреварувања постигна три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатна ситуација во Премиер лигата: Ист тренер во една сезона двапати загуби ист натпревар!

Португалскиот стратег Нуно Еспирито Санто постигна редок „успех“ во Премиер лигата во Англ…