Манчестер Сити во рамките од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите како гостин славеше против Шахтјор со убедливи 0:3.
„Граѓаните“ украинскиот тим во целост го надиграа и триумфот можеше да биде и поубедлив, а од она што го покажаа играчите на Манчестер Сити задоволен беше и Пеп Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Неверојатно. Првото полувреме беше најдоброто кое сме го одиграле во претходните три години, од кога јас сум на клупата. Бевме на ниво. Имавме многу шанси. После поразот од Лион притисокот беше голем, но сега сме во добра ситуација. Сега можеме сами да ја контролираме својата судбина“, изјави Гвардиола.
Познато е и дека Манчестер Сити е еден од тимовите кои се споменува како фаворит во Лигата на шампионите.
„До завршницата ве водат многу други работи. Одиме чекор по чекор. Мора многу коцки да ви се поклопат за успех во Лигата на шампионите“, потенцираше 47 годишниот стратег.
https://www.youtube.com/watch?v=4kX5z3YmunI