Бразилкиот напаѓач, Габриел Жесус поради повреда на коленото ќе мора да отсуствува од теренот најмалку месец дена.
Габриел Жесус се повреди на натпреварот против Кристал Палас, но за негова среќа повредата на лигаментите не е сериозна како минатата година кога беше три месеци надвор од терените. Гвардиола потврди дека Бразилецот нема да игра барем месец дена и дека не сака да ризикува со неговото враќање на теренот.
Добрата вест е тоа што Габриел Жесус не мора да оди на операција, но за секој случај ќе мора да оди редовно на прегледи за да се следи неговото закрепнување. Бразилецот денеска отпатува во Барселна каде што ќе го прегледа лекар кој е специјалист за повреди на коленото.
Дека Гвардиола се грижи за својот играч покажа со потегот дека успеа да договори преглед кај својот добар пријател во Барселона. Лекарот покажа дека знае да ја работи оваа работа, бидејќи чести гости беа и Илкај Гундоган и Бенџамин Менди кои исто така го посетија овој лекар.