Дома Македонски спорт Мак ракомет Гаџа: Ние сме Вардар и сакаме да го освоиме трофејот!

Гаџа: Ние сме Вардар и сакаме да го освоиме трофејот!

Вардар и Еурофарм утре ќе го играат натпреварот од Суперкупот против Еурофарм Пелистер.

Анте Гаџа во изјавата пред натпреварот порачува дека краток бил периодот за воигрување, но дека со труд и максимално залагање тие недостатоци би можеле да бидат прикриени.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Не чека првиот официјален натпревар и веднаш се игра за трофеј. Ние сме Вардар и сакаме да победиме. Рано е, имаме многу нови играчи, а ни недостасува и Гурбиндо, тоа сигурно ќе се почувствува. Ќе биде тешко, немаше многу време, имаме и нови јазици, се обидуваме да се научиме, а нè има многу. Се надевам дека со тек на времето ќе бидеме сè повоиграни и ќе се подобриме за предизвиците од СЕХА-лигата“,изјави Гаџа.

Натпреварот Вардар и Е.Пелистер го играат во „Јане Сандански“ со почеток од 19:00 часот.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…